(02) 3224 229
contact@mapas.mkВо рамки на одбележувањето на Global Money Week 2026, денеска на Економскиот факултет се одржа едукативен настан во соработка со проф. Елена Наумовска, посветен на подигнување на финансиската писменост кај младите. На настанот, претставник на МАПАС заедно со претставници од трите пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје отворија дискусија на тема „Smart money talks“, која ја одбележува овогодишната Глобална недела на парите 2026 […]
МАПАС учествуваше на презентацијата на Извештајот за финансиска писменост кај учениците
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, и Советникот на Претседателот, Марија Поповска, учествуваа на настанот за презентација на Извештајот за финансиска писменост кај учениците, подготвен од Бирото за развој на образованието во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. На […]
Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите“
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година […]
Работен состанок на МАПАС и ЦРПМ
Денеска во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се одржа работен состанок со претставници од невладината организација Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ). На состанокот се разговараше за важноста на финансиската едукација и за можностите за заедничка поддршка на акредитираната програма „Финансиска академија – Финансиски и административни менаџерски вештини за […]
Комитетот за финансиска стабилност, на седницата одржана на 5 март 2026 година, го разгледа Извештајот за работењето на Комитетот и поткомитетите во 2025 година, при што беше утврдено дека финансиската стабилност е задржана, а финансискиот систем покажува добра отпорност и способност за справување со предизвиците. Во Извештајот се оценува дека финансиските институции работеа во услови […]
Соопштение за висината на месечниот надомест што го наплатува МАПАС од пензиските друштва
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја информира јавноста дека висината на месечниот надоместок што Агенцијата го наплатува изнесува 0,6% од вкупните придонеси уплатени во претходниот месец во секој пензиски фонд. Овој надоместок има значајна улога во заштитата на интересите на членовите на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување. Пониските трошоци придонесуваат за поефикасно […]