Агенција за супервизија на капитално
финансирано пензиско осигурување
Uncategorized @mk

Испитот за агенти од декември ќе се спроведува и на албански јазик

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја информира јавноста дека почнувајќи од декември 2026 година, испитот за агенти ќе биде достапен и на албански јазик, покрај досегашната можност за полагање на македонски јазик. Со оваа промена, на кандидатите заинтересирани за полагање на испитот за агенти им се овозможува избор на јазикот […]

Известување до јавноста за лажен Facebook профил кој се претставува во име на МАПАС

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува јавноста дека е забележана појава на лажен профил на социјалната мрежа Facebook, кој неовластено го користи називот и логото на Агенцијата. Во врска со ова, МАПАС информира дека граѓаните треба да бидат внимателни при комуникација и размена на информации преку вакви профили, бидејќи […]

ПРАНВЕРА СУМА, ЧЛЕНОТ НА СОВЕТОТ НА ЕКСПЕРТИ НА МАПАС, УЧЕСТВУВАШЕ НА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈАТА „ТВОЈА ПАТЕКА, ТВОЈА ИДНИНА“

Пранвера Сума, членот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, учествуваше на панелот во рамки на панел-дискусијата “Твоја патека, твоја иднина”, која се одржа на 11 ноември 2026 година, во хотелот “Мериот” во Скопје. Панел-дискусијата беше посветена на темата “Пензиските фондови како двигател на инвестициите и економскиот […]

МАПАС на Banking Roundtable 2026: Размена на искуства за современите пристапи во финансискиот сектор

По покана на Македонската банкарска асоцијација (МБА), претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Ремзи Бајрами, и главниот советник на претседателот, Марија Поповска, учествуваа на Banking Roundtable – Global Banking Annual Review 2026, одржана на 9 ноември 2026 година во Скопје, во организација на McKinsey & Company, Finalta by McKinsey и Македонската банкарска асоцијација. На […]

Соопштение за функционирањето на капитално финансираното пензиско осигурување

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, со цел обезбедување точни, транспарентни и разбирливи информации за јавноста, укажува на значењето, начинот на функционирање и механизмите за заштита на средствата во капитално финансираното пензиско осигурување, како важен дел од пензискиот систем на Република Северна Македонија. Капитално финансираното пензиско осигурување, односно вториот пензиски столб, […]

Објава за 13-от Erste Investors’ Breakfast

Претставници на МАПАС присуствуваа на 13-от Erste Investors’ Breakfast, одржан на 05.11.2026 година, настан кој е посветен на актуелните глобални економски предизвици и инвестициски трендови, движењата на финансиските пазари, монетарните политики на централните банки и перспективите за инвестирање во услови на зголемена неизвесност. Како регулатор на задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС континуирано […]

МАПАС на предавање на проф. д-р Марчин Пјонтковски за економската трансформација и реформското искуство на Полска

Претставници на Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС присуствуваа на предавањето на проф. д-р Марчин Пјонтковски на Економскиот факултет – Скопје, на тема „Европски шампион во економскиот раст: Патот на Полска од сиромаштија до просперитет“. Предавањето, поврзано и со истражувањата претставени во книгата на проф. Пјонтковски Europe’s Growth Champion: Insights from […]

Skip to content