(02) 3224 229
contact@mapas.mkАжурирајте ги вашите податоци и добијте го „Зелениот плик“ навреме
Со цел поголема транспарентност и континуиран увид во пензиските заштеди, пензиските друштва во Северна Македонија еднаш годишно доставуваат извештаи до своите членови и пензионирани членови. Овие извештаи содржат детални информации за: состојбата на индивидуалната пензиска сметка доброволната индивидуална сметка професионалната сметка инвестициското портфолио Извештаите се доставуваат во т.н. „зелен плик“, и ги опфаќаат податоците за […]
Учество на МАПАС на Меѓународната конференција за централно банкарство во услови на глобални промени
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, заедно со членот на Советот на експерти Пранвера Сума, присуствуваа на Меѓународна конференција на високо ниво, во организација на Народната банка, во соработка со Европскиот форум за пари и финансии (SUERF – The European Money and Finance Forum), […]
Во рамки на одбележувањето на Global Money Week, претставници од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), заедно со претставници од пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, одржаа средба со наставниот кадар и реализираа интерактивна работилница во ООУ „Свети Климент Охридски“ во Општина Бутел. Настанот беше насочен […]
Во рамки на одбележувањето на Global Money Week 2026, денеска на Економскиот факултет се одржа едукативен настан во соработка со проф. Елена Наумовска, посветен на подигнување на финансиската писменост кај младите. На настанот, претставник на МАПАС заедно со претставници од трите пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје отворија дискусија на тема „Smart money talks“, која ја одбележува овогодишната Глобална недела на парите 2026 […]
МАПАС учествуваше на презентацијата на Извештајот за финансиска писменост кај учениците
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Ремзи Бајрами, и Советникот на Претседателот, Марија Поповска, учествуваа на настанот за презентација на Извештајот за финансиска писменост кај учениците, подготвен од Бирото за развој на образованието во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. На […]
Глобалната недела на парите 2026 година: „Разговори за паметно управување со парите“
Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, во периодот од 16 до 22 март 2026 година, четиринаесетта година […]
Работен состанок на МАПАС и ЦРПМ
Денеска во просториите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се одржа работен состанок со претставници од невладината организација Центар за истражување и креирање политики (ЦРПМ). На состанокот се разговараше за важноста на финансиската едукација и за можностите за заедничка поддршка на акредитираната програма „Финансиска академија – Финансиски и административни менаџерски вештини за […]